Жулен Лопетеги по три години ќе ја напушти клупата на Севиља.
Шпанскиот стручњак и поранешен голман, кој своевремено играше за Реал Мадрид и Барселона, на крајот од сезоната ги напушта Андалузијците.
Поранешниот тренер на Порто, Реал Мадрид и шпанската репрезентација има договор до летото 2024 година, но од лични причини беше одлучено порано да го напушти клубот.
Тој наводно е уморен по три исцрпувачки сезони со Севиља, која најверојатно следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Севиља е на крајот од сезоната, има уште еден натпревар, по што Лопетеги и официјално ќе го напушти клубот, а засега не се знае кој ќе го наследи.
Според новинарите на Марка, спортскиот директор на Севиља, Мончи веќе контактирал со можните замени на Лопетеги, а приоритет за следната година е Диего Мартинез, кој моментално е слободен.
Поранешниот тренер на Гранада имаше начелен договор со Еспањол, но интересот на Севиља менува се, бидејќи повеќе е заинтересиран за проектот во Санчез Писхуан.