ФУДБАЛ

Лорис: Без изговор, ние сè уште сме во игра

Тимот на Тотенхем беше поразен синоќа во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

„Спарсите“ беа домаќини на РБ Лајпциг на домашен терен и на крајот загубија со минимални 1-0, при што единствениот гол за германскиот тим го постигна Тимо Вернер од белата точка.

Тотенхем влезе без класичен напаѓач, но сепак Жозе Мурињо и неговите играчи не бараат изговори, но веруват дека сепак можат да продолжат понатаму.

„Ние сме се уште во игра. Ако го примивме вториот гол, тогаш ќе беше поинаква приказна. Мора да останеме позитивни. Не игравме лошо, особено во последните 20 минути. Бевме близу до голот”, изјави голманот на Тотенхем, Уго Лорис.

Тој, исто така, ја коментираше повредата на Хјунг-Мин Сон.

„Ние ја знаеме ситуацијата, но не се жалиме. Не треба да бараме изговори, туку да се држиме заедно и да бидеме професионални. Сега мора да бидеме вистински тим”, рече Французинот.

Реванш натпреварот се игра на 10 март во Лајпциг.