ФУДБАЛ

Лорис го повреди коленото, надвор од терените шест до осум недели

Голманот на Тотенхем, Французинот Уго Лорис го повреди коленото на првенствениот натпревар против Манчестер Сити (1:0) во неделата и ќе мора да мирува шест до осум недели, пишува во средата „Дејли Телеграф“.

„Првичните песимистички прогнози велеа дека Љорис би можел да го пропушти остатокот од сезоната“, пишуваат Англичаните, но Тотенхем се надева дека францускиот голман нема да мора да оди на операција.

Љорис се лекуваше на крајот од натпреварот против Манчестер Сити откако се судри со Родри.

Контролните прегледи покажаа дека лигаментите се повредени, додава англискиот дневен весник.

Тоа е тежок удар за тимот на Антонио Конте, кој моментално е петти на табелата и се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Љорис со тоа ќе пропушти два меча од осминафиналето на Лигата на шампионите против Милан. Се претпоставува дека на негово место ќе дојде ветеранот Форстер Фрејзер (34), кој сезонава забележа пет настапи, еден во лигата и четири во Купот.