
Лош ден за македонските претставници во Лигата на Европа. Денеска сите три тима Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи, беа елиминирани од евро-сцената.
Најпрво елиминација доживеа Македонија Ѓорче Петров која што на домашен терен (на теренот на ФФМ) доживеа нов пораз од Алашкерт, и со вкупни 6:1 е елиминирана од понатамошните натпреварувања.
Потоа беше потврдена елиминацијата на Академија Пандев која со идентични 3:0 беше совлада од Зрињски Мостар на гостински терен, и со вкупни 6:0 беше сопрена уште во првото квалификациско коло.
Најголеми шанси за поминување понатаму имаше Шкупи кој во Скопје го пречека Пјуник со 3:3 од првиот меч. Меѓутоа по полувремето Ерменците имаа водсто од 0:2. Шкупи успеа само да намали и да го загуби овој меч со 1:2, и да биде елиминиран.
Во вторникот елиминација од ЛШ доживеа и Шкендија од Номе Калју во ЛШ, но тетовскиот тим го продолжува патот во Лигата на Европа и идниот вторник ќе игра со Дуделанж.
РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО РЕВАНШИТЕ ОД ЛЕ
Македонија ЃП – Алашкерт 0:3 (вкупни 1:6)
Зрињски – Ак. Пандев 3:0 (вкупни 6:0)
Шкупи – Пјуник 1:2 (вкупни 4:5)