Нов пораз, седми во низа за РК Вардар во Лигата на шампионите. Овој пат тимот на Веселин Вујовиќ загуби на гостувањето кај ППД Загреб со 23:22, полувремњ 14:12. Со овој порљз Вардар падна на седмото место на табелата во групата А во пет бода, додека хрватскиот тим е шести со бод повеќе.
Дибиров и Тото беа најпрецизни со по четири постигнати голови кај Вардар, додека во редовите на ППД Загреб најдобри беа Чупиќ со пет и Мандиќ со четири гола.
Следниот меч Вардар ќе го игра во февруари идната година и тоа против Монпелје на гости.