Фудбалерите на Реал Мадрид, Иско и Давид Алаба се заразени со корона вирусот, објави во вторникот „кралскиот клуб“.
Клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се соочува со големи проблеми поради бројните позитивни тестови на коронавирус. Во вторникот беше објавено дека Иско и Алаба се заразени.
Comunicado Oficial.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 21, 2021
Ова се уште двајца играчи на кои тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета во следниот период.
Минатата недела позитивни резултати добија Лука Модриќ, Родриго, Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсело, Андриј Лунин. Иако подоцна беше објавено дека и Модриќ добил негативен тест, тој е надвор од тимот бидејќи не се чувствува добро.
Следниот натпревар Реал го игра во среда, а ривал ќе им биде Атлетик Билбао. Тоа ќе биде последен натпревар на „кралскиот клуб“ во 2021 година.