Белгиската ѕвезда Ромелу Лукаку речиси сигурно ќе ги пропушти барем првите два натпревари на тимот на Светското првенство во Катар. Така, се чини дека напаѓачот на Интер нема да игра против Канада и Мароко, а не е исклучена и пресметката против Хрватска.
Неговиот проблем со колкот би можел да го оддалечи подолго и надежите се дека ќе биде во ред барем за евентуалните елиминации. Бразилското издание Глобо тврди дека Лукаку не тренираше денеска на првиот отворен тренинг на Белгија по пристигнувањето во Доха. Неговата повреда датира од август,
Без разлика на отсуството на Лукаку, „црвените ѓаволи“ се меѓу фаворитите за шампионската титула во Катар. Белгија до неодамна го заземаше и нивното второ место на ранг-листата на ФИФА.