ФУДБАЛ

Лоши вести за навивачите: Крај за Челзи во Лигата на шампионите?

Актуелниот европски шампион Челзи е во огромни проблеми поради санкциите против сопственикот на клубот Роман Абрамович.

Рускиот тајкун се уште е сопственик на лондонските сини. Тој го стави клубот на продажба, но неговото функционирање е исклучително тешко поради бројните санкции и затворени сметки.

Абрамович е под санкции на Европската унија и тоа го отежнува клубот уште повеќе. Утрешниот натпревар од Лигата на шампионите, на гостување против Лил е под прашалник, поради новите санкции против рускиот милијардер, тврди L’Equipe,

Наводно, поради сите санкции на Европската унија, осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите е доведен во прашање, а тоа би значело дека Челз ќе испадне од најелитното европско натпреварување.

Во случај УЕФА да добие забрана за настап, веројатно би регистрирале меч 3-0 во корист на Лил, а сините би останале без пласман во четвртфиналето. Сепак, УЕФА вети дека натпреварот ќе се одигра, но ќе треба да почекаме до утре за да видиме што ќе биде.

Челзи е во навистина тешка ситуација и прашање е што ќе биде со клубот додека не се најде нов купувач.