Младиот играч на Реал Мадрид, Родриго (19) се повреди на мечот со Гранада.
19-годишникот не можеше да го продолжи мечот откако се фати за бутниот мускул и излезе од теренот на носилки.
Повредата е сериозна. Резултатите кои пристигнаа денес покажуваат прекин на бутниот мускул на десната нога, а според првите прогнози, младиот Бразилец ќе биде надвор од терените три месеци.
Ова секако е многу лоша вест за клубот и за овој млад фудбалер кој доби многу можности да игра оваа сезона од Зинедин Зидан.
Бразилскиот фудбалер одигра вкупно 17 натпревари и постигна еден гол и шест асистенции.