Златан Ибрахимовиќ денес се врати на тренингот на Милан, но неговото неодамнешно враќање на терените е под големо прашање.
Искусниот 39-годишен напаѓач, кој игра навистина феноменално, беше надвор од терените две недели поради повреда на бутниот мускул, а денес го одработи својот прв тренинг со остатокот од тимот.
Сепак, според Sky Sport Italia, проблемите со повредата продолжиле и по денешниот тренинг и многу е можно Ибрахимовиќ да не игра до почетокот на 2021 година.
Очигледно „росонерите“ не сакаат да ризикуваат ништо, па затоа не треба да го гледаме Ибар до 3 или 6 јануари на натпреварите што Милан ги игра со Беневенто и Јувентус.