ФУДБАЛ

Лошите весту за Погба не престануваат: Французинот мора да оди на операција на коленото

За Пол Погба, лошите вести едноставно не престануваат да доаѓаат.

Откако го напушти Манчестер Јунајтед и се врати во Јувентус, се очекуваше многу од него.

Сепак, тој заработи повреда, па долго се чекаше на резултатите и на одлуката што понатаму.

Во меѓувреме, Погба се најде во неволја поради изнуда на пари, што дополнително ги оттргна неговите мисли од фудбалскиот терен.

Кога се се смири, се очекуваа добри вести, и сознанија кога ќе се врати на теренот по повредата.

Сепак, денеска доживеа нов шок, бидејќи ќе мора да оди на операција, по што ќе следи малку подолго закрепнување.

Секако се работи за операција на менискусот на десното колено, со кој Погба во последно време има многу проблеми.

Одлуката за операцијата Погба ја донел заедно со челниците на Јувентус, а се уште не се знае кога ќе може да игра на теренот.