Францускиот фудбалер Мајкл Куисанс (22) во јануари ќе го напушти Баерн.
Момчето кое беше отпишано кај тренерот Јулијан Нагелсман си заминува од Минхен, а Баерн доби понуди од Венеција и ЦСКА Москва.
Двата тима се подготвени да издвојат по 10 милиони евра за овој фудбалер. Тоа е бројка која Баварците ќе ја прифатат, па Кјуанс ќе го напушти клубот.
Французинот предизвика бројни скандали во Минхен. Мислеше дека е премногу добар за да седи на клупата, а на тренинзите жестоко стартуваше врз соиграчите.
Сепак, тоа не помина кај Нагелсман, па на крајот фрлаше по тренерот со опремата. Тоа на крајот беше пресудно за Французинот да го напушти клубот.
https://youtu.be/nGJKIxf4WOI
Куисанс одигра вкупно 13 натпревари за Баерн и постигна два гола.