Поранешниот фудбалер на Баерн, Лотар Матаус често го критикува својот поранешен клуб, а најчесто се јавува кога германскиот великан ќе загуби.
По поразот од Мајнц со 3-1, кој не загрижи никого во Баерн поради фактот што титулата беше обезбедена едно коло претходно, Матаус ги критикуваше играчите за патувањето на Ибица. Тоа во овој момент го смета за недозволиво.
„Не можете да се качите во авион и да одите на место препознатливо по забави, особено не по еден ваков натпревар“, рече Матаус.
На истото мислење беше и Феликс Магат, поранешен тренер на Баерн, кој рече дека играчите требало да добијат забрана за „одмор на Ибица“.
„Не знам што да кажам, се чини дека сезоната заврши три недели порано“, изјави Магат, кој сега работи во Херта Берлин.
Според германските медиуми, на патувањето на Ибица не биле присутни сите играчи. Недостасуваа имиња како Мануел Нојер, Томас Мулер, Кингсли Коман, Дајот Упамекан и Марсел Сабицер.
Во одбрана на играчите застана спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Минатата недела играчите не информираа дека би сакале да поминат два дена одмор на Ибица. Тоа го прифативме како мерка за подобрување на тимскиот дух“, рече Салихамиџиќ.
Да потсетиме, во следното коло Баерн игра против Штутгарт, но откако ја освои титулата нема резултатски императив, но сега е под поголем притисок поради поразот од Мајнц.
И покрај тоа, никој во Баерн не прифаќа порази, дури и во ситуација кога титулата е одамна обезбедена.