Љубовникот на мајката на Нејмар, Тијаго Рамос во вторникот вечерта итно бил префрлен во болница. Според првичните информации, нешто што сведочат и соседите, имало кавга во куќата на Надин, а потоа брзо пристигнала Брзата помош. Претходно се слушнал звук од кршење на стакло.
Сепак, 23 годишниот љубовник на Надин Гонзалвеш нема здравствено осигурување, ниту пари за лекување, а семејството на Нејмар не може да ги реши трошоците околу лекувањето, пишуваат бразилските медиуми.
Тој веќе трет ден е во болница и има длабока рана на трицепсот. Сепак, одбива да каже на лекарите што се случило, со образложение дека ништо не се сеќава.