Ливерпул и Лестер на „Енфилд“ го играат четвртфиналниот натпревар од Купот на Англија.
Очекувано, Јирген Клоп направи многу промени во тимот, за да ги освежи клучните играчи, но јасно е дека тим како Ливерпул секогаш има квалитетни играчи, па и оние од позадина можат многу да направат.
Но, не започнаа добро, бидејќи Лестер поведе со голот на Варди во 9. минута, а одличниот англиски репрезентативец во 13. погоди за 1:1.
Сепак, Ливерпул се врати во 19. минута, а стрелец беше Окслејд-Чембрлен. Засега блеска, кој знае што не чека до крајот на овој дуел …