Искусниот грчки дефанзивец Костас Манолас наскоро би требало да ги засили редовите на грчкиот великан Олимпијакос.
Манолас дојде во грчката престолнина за наводно да го комплетира трансферот во Олимпијакос, во кој се враќа по 7,5 години минати во Италија играјќи за Рома и Наполи.
Навивачите на Олимпијакос му приредија добредојде како што само тие знаат, а Манолас позираше со шал од познатиот тим од Пиреја.
Тој ќе потпише тригодишен договор со Олимпијакос.

Наполи го продаде за 2,5 милиони евра со бонуси. Тој претходно отпатува во Грција поради „семејни причини“, но зад сето тоа сепак стоеше сензационален трансфер.
Искусниот дефанзивец прифати да игра за помала плата, велејќи дека се е прашање на семејството и љубовта, а не на парите. Да потсетиме, тој дојде во Неапол во 2019 година од Рома за 36 милиони евра, но не се прослави премногу во Неапол.
https://twitter.com/i/status/1471519922853449729