ФУДБАЛ

Лудница во Минхен, пристигна Хари Кејн (ВИДЕО)

По многуте перипетии кои се појавија денеска во англиските медиуми, дека наводно Тотенхем го стопирал трансферот на Хари Кејн, сепак тој е во Минхен. Англичанецот слета во германскиот град и веднаш оди на медицински прегледи, а потоа ќе го потпише договорот. На задоволство на навивачите на Баерн Минхен тој ќе биде нивната нова „деветка“, а сите се надеваат дека тој ќе биде достојна замена, но и можеби повеќе од тоа на Роберт Левандовски кој остави празнина во нападот на Баерн откако минатата сезона замина во Барселона.