ФУДБАЛ

Лудото купување на Челзи им се удри до глава – Неискористени 125.000.000, без столб на одбраната во ЛШ!

Фудбалскиот клуб Челзи ја одреди групата на играчи на кои смета во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а тренерот Грем Потер имаше главоболка при носењето на одлуките.

Чудесното трошење пари може многукратно да му се врати на Челзи. Тие се под истрага на ФИФА за потенцијално прекршување на финансискиот фер-плеј, носат играчи со тупаници и капи, а лудо е што нема место за сите во тимот!

Имено, Грем Потер мораше да избере 25 фудбалери на кои може да смета. Се одлучи за 24, оставајќи едно место за секој случај, а на списокот нема поединечни зимски засилувања. Од списокот „испадна“ младиот стопер Беноа Бадијашил, со кој Челзи се уште нема примено гол кога е на теренот. Тој пристигна токму на почетокот на јануари, инстантно се навикна на интензитетот на Премиер лигата, но до крајот на сезоната ќе мора да се задоволи со настапите во домашниот шампионат.

Исто така, ги нема и Нони Мадуке, Андреј Сантос и Давид Датра Фофана. Сите пристигнаа овој јануари за вкупно околу 90.000.000 евра, но правилото на УЕФА е дека може да се пријават само тројца нови играчи од групната фаза. Одлучено е Енцо Фернандез, Михајло Мудрик и Жоао Феликс да играат за Челзи.

Потер се откажа и од Пјер-Емерик Обамејанг, човекот кој минатото лето и платија 35.000.000 евра на Барселона. Вака вредноста на играчите кои се надвор од конкуренција се достигнува и до 125.000.000 евра!

„Ќе има некои непријатни разговори, сигурно. Но, тоа е нашата реалност во моментов“, изјави Греам Потер на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига