Грчката фудбалска федерација остана без претседател.
Легендарниот Теодос Загоракис поднесе оставка, а причината е атмосферата и работите што немаат никаква врска со фудбалот, а грчкиот фудбал страда од тоа со години.
“Ова не е фудбал. Луѓето кои немаат никаква врска со фудбалот ги кројат работите во Федерацијата. Се создава токсична атмосфера”, рече Згаоракис, додавајќи:
“Фудбалот е жртва на некои луѓе таму. Нема чекор напред во ваква атмосфера и додека некои работи не се сменат ќе биде така”.
Загоракис настапи на повеќе од 100 настапи за грчката репрезентација, а тој беше и капитен на таа селекција на Европското првенство во 2004 година, кога Грција го следеше фудбалскиот свет и ја освои титулата европски шампион.