ФУДБАЛ

Луис Енрике го натера целиот свет да се смее со својот коментар за фудбалот без навивачи

Фудбалот во светот, како и скоро сè останато во изминатите неколку месеци, беше во мирување поради пандемијата на коронавирус.

Работите полека почнуваат да се враќаат во нормала, но прашање е колку време ќе трае, особено за некои лиги да започнат со своите првенства.

После тоа, публиката постепено ќе треба да се претстави на стадионот, бидејќи како што сите знаеме, фудбалот се игра токму заради публиката.

Се повеќе луѓе почнуваат да коментираат за тоа колку е апсурдно да се игра пред празни трибини, затоа што тогаш фудбалерите не ја чувствуваат вистинската сладост на фудбалот.

Луис Енрике исто така го даде својот коментар за тоа, и тоа беше тој коментар што го насмеа скоро целиот свет.

„Играњето фудбал без навивачи е потажно од танцувањето со вашата сестра“, рече Луис Енрике.