ФУДБАЛ

Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Шпанија и Германија одиграа нерешено 1:1 во Доха, во натпреварот од второто коло од групата Е на Светското првенство во Катар.

Селекторот на Шпанија Луис Енрике изјави дека е задоволен од првото полувреме и додаде дека неговиот тим „направил грешки кои вообичаено не ги прави“.

„Тоа беше натпревар во кој сум позадоволен од првото полувреме. Направивме, особено во вториот дел, грешки кои вообичаено не ги правиме. Не ја контролиравме играта во вториот дел, а Германците решија да одат на сè или ништо“, рече Енрике.

Шпанија е на првото место во групата со четири бода. Јапонија и Костарика имаат по три, а Германија еден. Сите се во игра за понатаму, а интересно Германците зависат од добар резултат од Шпанија против Јапонија, во случај да ја победат Костарика.

„Ако некој ни ја понудеше оваа ситуација во групата по две кола, веројатно ќе ја прифативме без премногу размислување. Нема да калкулираме во последниот натпревар. Одиме на победа, сакаме да бидеме први во групата.“, изјави Енрике.

Шпанскиот фудбалер Родри рече дека верува дека Шпанија „ќе станува подобра како што ќе напредува натпреварувањето“.

„Германија беше подготвена да ризикува во последната фаза од играта и тој став му донесе бод на нашиот противник. Можевме да избегнеме нерешено, но така заврши. Подобро се разбираме во играта и сигурен сум дека Шпанија ќе биде подобра како што ќе напредува турнирот“, изјави Родри.