ФУДБАЛ

Луис Енрике пристигна во Лондон, фаворит и натаму е Нагелсман

Фото: Soccer, World Cup, Morocco - Spain, final round, round of 16, Education City Stadium, Spain coach Luis Enrique gestures during the match.

Поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике утрово допатува во Лондон, со својот близок пријател Иван де ла Пења, за да започне преговори со Челзи за менаџерска позиција во клубот од Стемфорд Бриџ.

Ова го соопшти Жерар Ромеро, според кого наскоро би можело да се постигне договор меѓу двете страни.

Во меѓувреме, оваа информација ја потврди и Фабрицио Романо, но прецизираше дека Челзи денеска ќе ги продолжи преговорите со Џулијан Нагелсман.

Според еден популарен новинар, неодамнешниот тренер на Баерн е тој што се уште е фаворит за наследник на Греам Потер на менаџерот на лондонските сини. Тој исто така додаде дека, и покрај гласините, клубот не е во преговори со Тите, Лучијано Спалети и Роберто Де Зерби.