Бразилецот Давид Луис откри дека им падна тешко на луѓето во Челзи што замина во Арсенал.
Луиз го носеше дресот на Челзи од 2011 година, но минатото лето го напушти „Стемфорд Бриџ“ на изненадување, замина во вечниот ривал, Арсенал.
Трансферот чинеше нешто помалку од десет милиони евра, а само неколку дена подоцна од Челзи го замолија да се врати.
„Првите три дена не беа лесни, морав да се справам со силни емоции. Сите знаат низ што поминав со Челзи“, се сеќава Луис и додаде:
„Имав добри односи со сите во клубот. Ми недостасуваа сите. Секој ден добивав пораки кои велеа – Врати се, врати се, врати се. Тоа го направи уште потешко. Но, знаев дека не можам да останам во зоната на удобност “.
Луис има потпишано договор со Арсенал до 2021 година, а досега има одиграно 25 натпревари, постигнувајќи два гола.