ФУДБАЛ

Луис Суарез денес го постигна својот 400-ти гол!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез постигна гол во Виго против Селта за водството на Барселона. Тоа беше неговиот 400-ти гол во клупскиот фудбал.

Суарез го постигна својот 192. гол на 274. натпревар во дресот на Барселона, додека на 603 натпревари постигна вкупно 400 голови.

Тој претходно постигна 15 голови на 37 натпревари во дресот на Гронинген, 111 погодоци на 159 натпревари во Ајакс и 82 голови на 133 натпревари во Ливерпул.

Навистина фантастичен број на еден од најдобрите напаѓачи во последните 15 години и сигурни сме дека 33-годишниот Уругваец ќе постигне многу повеќе голови до крајот на својата играчка кариера.