ФУДБАЛ

Луис Суарез е рекордер во Лигата на шампионите од синоќа, но сигурно нема да се пофали со овој рекорд

Луис Суарез не успеа да постигне гол против Баерн.

Уругвајскиот напаѓач се удави во сивилото на Атлетико Мадрид, кој на крајот претрпе тежок пораз од 4:0.

Фактот што тој не постигна гол на гостувањето синоќа му овозможи на Суарез да постави неславен рекорд. Тој е првиот напаѓач кој настапи на 22 последователни натпревари на гости во Лигата на шампионите и не успеа да постигне гол на нив.

Тој не постигна гол во Лигата на шампионите веќе пет години. Сега се 22 последователни натпревари, и постои можност оваа бројка да се зголеми уште повеќе на следните натпревари.

Суарез зад себе ги остави Нванква Кану, кој не успеа да постигне гол на гости на 21 последователен натпревар и Ариф Ардем (20).