Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез е свесен дека неговото време во Барселона полека истекува.
Искусниот напаѓач ќе го прослави својот 33 роденден во јануари и се повеќе се зборува за можноста за негово заминување од „Камп Ноу“.
Барселона во голема мерка бара замена. Многу имиња се поврзани со шпанскиот шампион, а самиот Суарез е подготвен за пристигнување на нов играч, како и за неговото заминување од клубот.
Уругваецот е свесен дека нема да го носи дресот на каталонскиот гигант уште долго време.
„Кажав и претходно. Ќе дојде време кога годините нема да ми дозволат да играм на ниво што му е потребно на Барселона. Сепак, колку што можам, сè додека имам сила да му помогнам на тимот, ќе дадам се од себе“, рече Суарез и тогаш додаде:
„Ќе биде добро за мене ако ме донесат конкуренција. Сигурно некој ќе биде желен за успех и тоа ми одговара, и ќе биде добра работа да дојде некој играч бидејќи ќе можат да се подготват добро за иднината со навистина фантастични фудбалери“. .
Суарез е член на Барселона веќе шеста сезона. Тој досега има одиграно вкупно 260 натпревари и има постигнато 185 голови.
Во текот на својата кариера, тој играше за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Национал.