ФУДБАЛ

Луис Суарез ги разочара навивачите на Барселона кога го видоа неговиот „пуштен“ стомак

Фудбалерите на Барселона денеска заминаа во Лисабон, каде утре играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн.

Каталонците се подготвуваа во својот тренинг центар за судирот против Баварците, но се надеваат дека престојот во Лисабон ќе биде подолг од два дена, и дека ќе го стигнат до полуфиналето.

Фудбалерите на каталонскиот клуб отпатуваа денес до главниот град на Португалија, а уругвајскиот напаѓач Луис Суарез беше во центарот на вниманието.

Веќе некое време се шпекулира дека Суарез има проблеми со прекумерната телесна тежина и се чини дека тоа денес беше јасно видливо.

На една од фотографиите е прикажано Уругваецот „малку го запоставува“ стомакот, што не ги израдува фановите на Барселона.