Искусниот напаѓач Луис Суарез се враќа во Уругвај, тоа го објави самиот преку социјалните мрежи.
Суарез остана без клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. Се мери меѓу неколку понуди, на крајот го избра Национал.
Се шпекулираше дека може да замине во Борусија Дортмунд, се споменуваше Милан, во текот на денот се појавија вести за можен трансфер во Лос Анџелес Галакси, но сега сите дилеми се отстранети.
„Постигнав прелиминарен договор со Национал. Не можев да ја одбијам оваа можност. Се надевам дека наскоро ќе бидат решени последните детали за да можеме да го комплетираме договорот“, изјави Суарез.
Национал во наредните денови и официјално ќе го претстави еден од највлијателните напаѓачи во Европа во последните 10-15 години.
— Luis Suárez (@LuisSuarez9) July 26, 2022
Последните две сезони 35-годишниот напаѓач играше во Атлетико каде навистина играше добро, а претходно беше член на Барселона шест години, три години во Ливерпул, четири во Ајакс, една сезона во Гронинген, но. се започна во Национал во кој се врати.