Членот на англискиот премиерлигаш Ватфорд ќе се засили со Луис Суарез од следното лето.
Секако, не станува збор за sвездата на Барселона и угугвајскиот играч Луис Суарез, туку неговиот имењак од Сарагоса, 22-годишниот колумбиски напаѓач.
Суарез игра навистина добра сезона во Сарагоса. Тој го привлече вниманието на многу клубови во Шпанија, па дури се зборуваше дека тој би можел да заврши во Барселона како замена за Усмане Дембеле.
Сепак, нема ништо од заминувањето на „Камп Ноу“, а челниците на Ватфорд се задоволни од она што тој го покажува оваа сезона и решија да го вратат во своите редови од следното лето.
Суарез стана член на Ватфрод во 2017 година. Играше за резервниот тим, а потоа замина на позајмица во Ваљадолид, Гимнастик и Сарагоса. Конечно дојде време тој да се појави на голема сцена и ќе го гледаме во Премиер лигата следната сезона.