ФУДБАЛ

Луис Суарез причина за борба помеѓу Наполи, Лацио и Атлетико

Луис Суарез би можел да игра во италијанската Серија А следната сезона.

Не станува збор за yвездата на Барселона, искусниот Уругваец, туку за неговиот имењак од Сарагоса, 22-годишен Колумбиец.

Суарез, кој е под договор со Ватфорд од Англија, игра навистина добро на позајмица во Сарагоса и го привлече вниманието на многу клубови.

Наполи и Лацио да го видат во своите редови во следната сезона. Ќе се обидат да го купат договор од Ватфорд, но нема да им биде лесно затоа што за неговите услуги е заинтересиран и мадридскиот Атлетико.

Суарез одлично се истакна во дресот на Сарагоса оваа сезона. Тој постигна 17 голови на 29 натпревари и не е ни чудо што многумина го сакаат.

Овој фудбалер пристигна во Ватфорд во 2017 година, но бидејќи не доби вистинска шанса играше на позајмица во Ваљадолид и Гимнастика.

ПОВРЗАНО

Серија А