ФУДБАЛ

Луис Суарез проговори за убиството на Џeорџ Флојд, па веднаш мораше да ги исклучи коментарите

Изминатите неколку дена во САД се случи голем хаос откако Џорџ Флојд беше убиен од полицијата.

Неколку полицајци го уапсиле Флојд по што го претепале во автомобилот, тој се обидел неколку пати да им каже дека не може да дише и дека му е лошо, но тие не го слушале.

На крајот, овој човек почина, што предизвика голем хаос низ цела Америка. Протестите и немирите траат низ целата земја веќе неколку дена, а граѓаните бараат конечно да се избрка расизмот од своето општество.

Можеме да видиме и разни пораки што славните ги објавуваат на социјалните мрежи и со тоа да се приклучат на борбата против расизмот. Меѓу нив има голем број фудбалери кои се огласија заради тоа што се случуваше во Америка.

Но, многу внимание привлече напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, кој на Инстаграм објави фотографија и порака за поддршка во борбата против расизмот. Сепак, само неколку минути подоцна мораше да ги исклучи коментарите на овој пост.

Многумина жестоко го критикуваа затоа што пред неколку години тој самиот го навредуваше Патрис Евра на расни основи и тоа не е заборавено.

https://www.instagram.com/p/CA8DxmqHepx/?utm_source=ig_embed