Луис Суарез го предводеше Атлетико Мадрид до титулата во Шпанија.
Феноменалниот Уругваец го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Ваљадолид во последното коло од Ла Лига (2:1) и тој гол на крајот им ја обезбеди титулата на „јорганџиите“.
Суарез беше буквално исфрлен од Барселона пред почетокот на оваа сезона. Роналд Куман му порача дека не смета повеќе на него, а Суарез замина во Атлетико.
На крајот, неговиот потпис за тимот од Мадрид се покажа како клучен, а по освојувањето на титулата, Суарез плачеше и рече дека Барселона не го цени.
“Барселона не ме ценеше. Атлетико ми ги отвори вратите и секогаш ќе им бидам благодарен што веруваа во мене”, рече во солзи уругвајскиот напаѓач и додаде:
https://twitter.com/i/status/1396167924520456196
“Знам дека Меси ќе биде среќен за мене. Ми посака среќа пред неколку дена”, истакна Луис.
Одличниот уругвајски напаѓач оваа сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига и постигна 21 гол и три асистенции.
Тие 21 негов погодок им донесоа на „јорганџиите“ вкупно 21 поен оваа сезона и тој сигурно е меѓу најзаслужните за титулата.
Ова е Атлетико вкупно 11 шампионски трофеи во историјата, прв по седум години.