Барселона сигурно ќе направи некои измени во играчкиот кадар на крајот на оваа сезона, а тоа особено важи за нападот.
Каталонскиот клуб е во голема неволја оваа сезона, откако Луис Суарез е повреден бидејќи немаат соодветна замена за него. Уругваецот е надвор од терените до крајот на сезоната, но јасно е дека Барселона не треба да си дозволи повторно ваква состојба.
Челниците на Барса веќе некое време бараат нов напаѓач, што ќе биде соодветна замена во иднина за Суарез. Најмногу поврзан со клубот е Лаутаро Мартинез кој обезбедува одлични игри во дресот на Интер.
Суарез даде интервју за „RAC1“ за потенцијалното пристигнување на Лаутаро на „Камп Ноу“, а прилично ги изненади навивачите кога рече дека две години се обидувал да им каже на челниците на клубот дека треба да доведат уште еден напаѓач.
„Лаутаро е многу талентиран. Тој игра одлично веќе две години во Серија А. Сепак, ние играчите не донесовме никакви одлуки за трансфер. Две години има велев дека би било добро да се донесе млад напаѓач кој ќе се прилагоди на тимот и да биде подготвен да ме замени кога јас ќе заминам“, рече Суарез.