Верувале или не, Лука Јовиќ е најскапото засилување на Реал во последните пет години. Тие платиле 60 милиони евра за 21-годишниот српски фудбалер, десет милиони повеќе од трансферот на Едер Милитао од Порто.
https://www.instagram.com/p/BySWOUqoDbt/?utm_source=ig_embed
Пред Јовиќ, Реал во сезоната 2014/15. одвои 75 милиони евра за Хамс Родригез, кој пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ од Монако. Една година претходно, трансферот на Герет Бејл од Тотенхем во Реал беше рекорден, 101 милион евра.
Поскап од Јовиќ во историјата на најтрофејниот европски клуб е Кристијано Роналдо кој од Манчестер Јунајтед за 94 милиони евра премина во Реал, потоа Зинедин Зидан, за кого Реал Мадрид во 2001 година, издвои неверојатни 77,5 милиони евра, Кака за кого издвои 67 милиони евра, а легендарниот Луис Фиго, чија цена беше, исто така, 60 милиони евра.
Интересно е тоа што Лука Јовиќ е речиси двојно поскапо од Дејвид Бекам (37,5 милиони евра) и Лука Модриќ (35 милиони евра), а уште помалку платени се: Бензема, Ди Марија, Робен, Мората, Серхио Рамос, Хунтелар, Робињо. ..