Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ (21), пред неколку дена потпиша договор со Реал Мадрид.
Младиот напаѓач пристигна од германскиот Ајнтрахт за 60 милиони евра, а со потпишувањето за еден од најголемите клубови во светот го исполни својот сон.
Во разговорот за клубската телевизија, тој не ја крие својата радост со потпишување за кралевите.
„Тоа е навистина неверојатно чувство. Многу ми е драго што сум член на најголемиот клуб во светот“, рече Јовиќ.
Илјадници обожаватели го поздравија Лука на „Сантијаго Бернабеу“, а тој откри какво е чувството да се излези на овој стадион.
„Се чувствував фантастично, како господ да ми даде дар од небото. За мене е големо задоволство да го носам дресот на овој клуб“, истакна Јовиќ.
Младиот напаѓач ќе се приклучи на изборот на Србија до 21 година на претстојното Европско првенство, и по завршувањето на натпреварот, тој ќе пристигне во Мадрид за подготовките за новата сезона.
🎙💬 ENTREVISTA A JOVIĆ
"¡Es un gran placer poder vestir la camiseta del @realmadrid!"#WelcomeJovic | #HalaMadrid pic.twitter.com/uFPFb3QPRm— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 15, 2019