ФУДБАЛ

Лука Јовиќ ќе остане член на Реал до доаѓањето на „sверот“ следното лето

Лука Јовиќ ќе остане во Реал Мадрид до крајот на сезоната.

Иако српскиот фудбалер се поврза со многу клубови, тој ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната, но најверојатно ќе ги спакува своите работи веќе следното лето.

„Еуроспорт“ од блиски извори на кралскиот клуб дознава дека Јовиќ своето место нема да го остави на никој друг, до доаѓањето на Килијан Мбапе. Реал прави се за да го донесе во своите редови еден од најдобрите фудбалери во светот, и се чини дека ќе успее во летото 2021 година.

„Јовиќ ќе ја задржи позицијата се додека не пристигне Мбапе“, изјавија извори блиски до мадридскиот клуб за „Еуроспорт“

Реал не потроши пари летово за да обезбеди средства за лов на Мбапе следното лето. Многу реномирани новинари објавија дека трансферот ќе се случи и дека фантастичниот Французин ќе потпише за Реал Мадрид.

„Мбапе е избран да биде оној што ќе го крене новиот Бернабеу на нозе“, тврди истиот извор.

Доаѓањето на Мбапе сигурно ќе му донесе многу на Реал Мадрид, кој имаше значителни промашувања со трансферите во последните неколку години.