Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ верува дека нема да остане на Ајнтрахт.
Јовиќ во моментов е на позајмица во германската Бундес лига, но има договор со Реал Мадрид и тој самиот верува дека ќе се врати во редовите на мадридскиот клуб по крајот на сезоната.
“Го сакам Ајнтрахт и тој е посебен клуб за мене од секој поглед, но секој знае дека официјално сум играч на Реал. Ќе се вратам во Мадрид на крајот од сезоната”, изјави Јовиќ за Билд.
Тој пристигна во Реал во 2019 година, но благо речено, не се снајде најдобро и постигна само два гола, поради што замина на позајмица.