Лука Модриќ (37) потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид, па следната сезона ќе биде втор капитен на тимот, соопштија од клубот за агенцијата ХИНА, која ја пренесе оваа вест.
Модриќ остана во таборот на клубот и присуствуваше на прошталната медиумска конференција на капитенот Карим Бензема (35). Францускиот напаѓач се сели во саудискиот Ал Итихад, а на церемонијата која се одржа Лука постигна договор да остане во Реал и следната сезона.
Модриќ кому овој месец му истече договорот со Реал, мирно замина на собирот на хрватската репрезентација. За потсетување, Хрватска ќе игра на завршниот турнир од Лигата на нации, а во полуфиналето ривал е селекцијата на Холандија. Овој натпревар е закажан за 14 јуни, а ден подоцна силите ќе ги одмерат Шпанија и Италија.
Модриќ, кој во септември ќе наполни 38 години, ќе продолжи да биде најстариот играч на Реал. Модриќ со Реал освои 23 трофеи откако ја позајми опремата на „кралскиот клуб“ во летото 2012 година.
Во следната сезона Модриќ ќе има можност да ги помине Бензема и бразилскиот дефанзивец Марсело, кои освоија по 25 трофеи, најмногу во 121-годишната историја на Реал Мадрид.
