Лука Модриќ се согласи за трансфер во Интер, утрово пренесува италијански „Calcionews24“.
Последните неколку денови се почесто се зборува дека најдобриот фудбалер на овогодишниот Мундијалво Русија ќе премине во Интер, а „тишината“ од негова страна како да оди во прилог на тоа.
Италијанскиот медиум „Calcionews24“ утрово објави дека Модриќ се согласи за трансфер во редовите не „Нероазурите“ и дека Флорентино Перез има намера да го соопшти утре. Инаку Лука вчера се врати во Мадрид после паузата поради мундијалот во Русија, а утре за прв пат ќе се појави на тренингот.
Тоа ќе биде и шанса да позборува и со претседателот Перез и наводно ќе му ја соопшти одлуката. Истиот Извор пренесува дека Лука најмногу го привлече добрата финансиска понуда на Интер, затоа што клубот од Милано му понуди 10 милиони евра годишно и договор за четири наредни сезони.
Тоа би го направило трет најплатен фудбалер во Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо.
Секако во прилог на овој трнасфер и фактот дека Интер не се „натпреваруваше“ многу за Артуро Видал кој на крајот заврши во Барселона, а на крајот неговата замена би можела да ги одушеви „Нероаџурите“.