ФУДБАЛ

Лука Модриќ пред потпис

Според информациите на познатиот трансфер гуру Фабрицио Романо, легендарниот фудбалер Лука Модриќ наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Кралевите.

„Новиот договор меѓу Лука Модриќ и Реал Мадрид е само прашање на време. Договорот ќе биде продолжен во наредните недели или месеци. Тоа е незаменлив фактор во плановите на Карло Анчелоти“, изјави Романо.

Очекувано, Модриќ ќе потпише едногодишно продолжување на соработката, но со многу помала заработка отколку што е случај со актуелниот договор.

Модриќ е член на Реал Мадрид веќе 10 години. Тој пристигна од Тотенхем и со Реал освои се што можеше.