ФУДБАЛ

Лука Модриќ: Само не насмеат со овие приказни

Искусниот играч за врска Лука Модриќ реагираше на коментарите дека Реал Мадрид имал многу среќа во Лигата на шампионите.

Реал вечерва во Мадрид ќе го пречека Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, откако го загуби првиот меч со 4:3, а претходно ги исфрли ПСЖ и актуелниот шампион Челзи.

“Нека мислат што сакаат. Ова е неправедно мислење и само не насмеат, но секој може да каже што сака. Фокусирани сме на нашата работа, а не на тоа што зборуваат. Невозможно е да се победи толку многу тимови , толку многу шампиони. Потребен е квалитет и верба, а тоа се факторите кои не прават големи“, изјави Модриќ во најавата за натпреварот.

 

Реал веќе ги навикна своите навивачи на историски враќања во Лигата на шампионите, па се надева на финале и покрај поразот со 3:4 во Манчестер од одличниот тим на Пеп Гвардиола.

„Имаме голема самодоверба бидејќи знаеме дека не одигравме најдобро на првиот натпревар и повторно постигнавме три гола. Утре ќе бидеме подобри. Имаме квалитет и карактер како и голема историја. Овој клуб освои многу одлични игри и има најмногу титули во Лигата на шампионите. Никогаш не се откажавме“, додаде хрватскиот репрезентативец.

 

Хрватскиот играч за врска истакна и дека во соблекувалната владее одлична атмосфера и дека сите се желни за победа.

 

„Знаеме што да правиме, ова е најважниот натпревар во сезоната за нас. Мораме да го одиграме најдобриот натпревар во годината, подготвени сме“, додаде Лука.

 

Реал викендов ја обезбеди 35-та титула во Шпанија, па им олесна влегувањето во реваншот со Сити кој е закажан за вечерва од 21 часот.