Откако ја доби наградата за играч на годината од страна на ЕХФ, играчот на Вардар, Лука Циндриќ, има шанса да биде најдобар и во светот.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во својот избор го вбори нашиот ракометар меѓу петте кандидати за оваа награда.
Ривали на Лука Циндриќ во борбата за наградата се Сандер Сагосен (Норвешка), Никола Карабатиќ (Франција), Домагој Дувњак (Хрватска) и Енди Шмид (Швајцарија).