ФУДБАЛ

Лукаку беше прашан дали му е важно да биде прв стрелец во Серија А? „Ќе бидам искрен…“

Новиот – стар напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, тврди дека не му е важно да биде најдобар стрелец во лигата, туку да освојува трофеи со тимот.

 

Белгискиот напаѓач ова лето се врати на Сан Сиро по само една година минати во Челзи, пристигнувајќи на позајмица за 10 милиони евра, а голем дел од неговата плата покриваат сините.

 

Тој веќе неколку пати изјави дека атмосферата во Интер значително се разликува од Челзи каде се чувствува дел од семејството и каде играчите се поддржуваат во тешките моменти. Лукаку повторно го навести тоа во интервју за DAZN Italia на прашањето дали сака да биде најдобар стрелец во Серија А.

„Не ми е гајле за тоа, ќе бидам целосно искрен. Мислам само на Скудетото, тоа е најважно“, изјави Лукаку и додаде:

 

„Головите можат да дојдат, но ние сме Интер и играме за Скудетото, а не за индивидуалните награди“.

 

Во меѓувреме, уште еден играч на Челзи официјално си замина и се врати во својот поранешен клуб, бидејќи Тимо Вернер денеска го потврди своето враќање во РБ Лајпциг за околу 20 милиони евра плус бонуси.

 

Тој му се приклучи на Челзи само во 2020 година за 53 милиони евра, што е уште помалку од половина од она што клубот го плати за Лукаку минатото лето.

ПОВРЗАНО

Серија А