Репрезентацијата на Белгија во недела ќе го одигра натпреварот од осминафиналето на Европското првенство против Португалија.
Сигурно е дека нè очекуваат многу возбудувања на стадионот во Севилја во судирот помеѓу Белгија и Португалија, а многумина веруваат дека тоа ќе биде борба помеѓу Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку.
Роналдо блеска на ЕУРО и во моментов е најдобар стрелец со пет погодоци, но јасно е дека ќе имаат многу тешка работа против Белгија.
Пред овој натпревар, Лукаку даде изјава за белгиските медиуми во која зборуваше за Роналдо. Новинарите го прашаа дали Роналдо е мотивација за Лукаку во борбата за титулата минатата сезона.
„Беше одлично да се освои Скудетото со Интер во одлична сезона, но мислам дека присуството на Роналдо не ме мотивираше како што мислите затоа што не ни помислував на тоа“, рече Лукаку.
Лукаку призна дека е вознемирен што јавноста зборува дека напаѓачот е во одлична форма и се уште не го класифицираат како врвен напаѓач.
“Кога луѓето зборуваат за Левандовски, Бензема или Кејн, тие велат дека се врвни напаѓачи, но кога станува збор за мене тие велат дека сум во добра форма. Тоа ме мотивира да работам уште понапорно и да напредувам. Искрено, верувам дека сум сега меѓу врвните напаѓачи “.
Едно од прашањата беше за Лукаку кој дел од играта на Роналдо би сакал да го поседува.
“Би сакал да ги имам неговите вештини за дриблинг и неговиот удар. Мислам дека ми се допаѓа што сум силен и играм со грб кон голот”, додаде белгискиот напаѓач.
28-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 30 гола на 44 натпревари за Интер и забележа десет асистенции.
Што се однесува до селекцијата на Белгија, тој е веќе најдобриот стрелец на сите времиња, бидејќи постигна дури 63 гола на 96 натпревари за сениорскиот тим на оваа земја.