Во 29-то коло од италијанската Серија А, Интер ја совлада Болоња на гости со 1:0 и направи голем чекор кон освојување на титулата.
Тимот на Антонио Конте изгледа навистина добро оваа сезона, собира вредни поени и ги користи сите грешки на ривалот.
Натпреварот на Ренато Дал’Ара, беше одлучен во 32 минута од натпреварот. Бастони одлучно ја исфрли топката за Лукаку, а Белгиецот го постигна својот 20-ти гол во сезоната за 0:1 .
Овој резултат беше конечен. Иако имаше можност и двете страни да го сменат резултатот, шансите не беа искористени и на крајот „нероаѕурите“ излегоа со големи три бода.
Интер сега е на 68 бода, има осум бода повеќе од Милан и натпревар помалку.