Многу големи напаѓачи го носеа дресот на Интер, но ниту еден по 18 натпревари не беше толку ефикасен како тандемот на Лаутаро Мартинез – Ромелу Лукаку.
Аргентинецот и Белгиецот имаат постигнато вкупно 22 гола по 18 одиграни натпревари сезонава, надминувајќи ги нивните претходници во дресот на Интер. Лаутаро и Ромелу постигнаа по 11 погодоци.
Тие го надминаа тандемот Виери – Креспо, кој во сезоната 2002/03 постигна 20 голови (12 + 8), како и тандемот Виери – Адријано, кој исто така постигна 20 голови (3 + 17) во сезоната 2004/05.
19 гола постигнаа Ибрахимовиќ и Круз (12 + 7) во сезоната 2007/08 и Милито – Ето во сезоната 2010/11.
Интер има успешна сезона, лесно може да се случи да се пласира во осмина финале во Лигата на шампионите, додека во Италија втор е зад Јувентус и ќе води жестока битка за Скудето.
