Следниот гол на Ромелу Лукаку во Премиер Лигата ќе биде значаен, бидејќи ќе го сруши рекордот на својот најголем идол – Дидиер Дрогба.
Белгискиот напаѓач со два гола против Барнли достигна број од 104 гола во Премиер лигата, а Дидиер Дрогба постигна исто толку голови во англиската елита за Челзи.
Она што го прави Лукаку поважен, е фактот дека белгиецот има само 25 години и постигна 104 гола во 244 натпревари, што е 30 натпревари помалку отколку што е потребно за да го достигне истиот број голово како Дрогба.
Ако Дидиер Дрогба е еден од најдобрите напаѓачи што ги видел Премиер Лигата, тогаш сега е право време да се каже дека Ромелу Лукаку припаѓа во неговата класа. Па кој знае уште што ќе направи напаѓачот на Манчестер Јунајтед во годините што следуваат.
https://twitter.com/utdxtra/status/1036281715986186241