Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку повторно се повреди. Оваа лоша вест доаѓа на само 20 дена пред почетокот на Светското првенство на кое тој треба да учествува како претставник на белгиската репрезентација.
Засега е познато само дека се работи за повреда на бутниот мускул и дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Баерн и Јувентус кои се играат оваа недела.
Нема попрецизни информации за тежината на повредата и отсуството од терените, но тоа секако не е добра вест пред почетокот на Мундијалот.
Напаѓачот веќе неколку месеци се бори со повредите. Најпрвин го повреди скочниот зглоб на мечот меѓу Белгија и Холандија во јуни, поради што мораше да биде заменет.
Потоа се опорави, се врати во Интер како големо засилување, за повторно да се повреди на мечот со Лацио, кој два месеци го оддалечи од терените.
Токму кога се врати на мечот против Пилсен, повторно се повреди.
Газета пишува дека мали се шансите тој да игра на преостанатите два меча на Интер пред Светското првенство против Болоња и Аталанта.