ФУДБАЛ

Лукаку сонува да игра во Серија А и веќе се знае во кој клуб

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, призна дека неговата желба е, еден ден да игра во италијанската Серија А.

Лукаку пристигна пред малку повеќе од една година во Манчестер Јунајтед, тој и неговиот тим чекаат да покажат колку навистина можат. Белгиецот не крие дека е голем фан на Серија А, кој уште како дете ја гледаше, тоа му е желба еден ден да игра на Апенините.

“Ми се допаѓа она што Јувентус го прави тие имаат одличен проект. Секоја година, се обидуваат да бидат посилна и без сомнение се меѓу трите најдобри тимови во Европа. Имаат тренер кој го разбира она што тој го прави, но, исто така зачудувачки фудбалери. Се разбира, Роналдо пред сите, но навистина ми се допаѓа како играат Дибала и Даглас Коста. Уште како дете ја следев на италијанската лига, која одговара на мојот стил на игра”, изјави Лукаку.

ПОВРЗАНО

Серија А