Ромелу Лукаку го постигна единствениот гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“ кога Интер го совлада Порто.
Биг Ром излезе од клупата и стана херој на Нероаѕурите. Токму кога се актуелизираше прашањето за неговиот статус и исправноста на потегот Интер да го врати од Челзи, макар и на позајмица, во последните два натпревари тој беше меѓу стрелците и Белгиецот покажа дека неговиот голгетерски инстинкт нема го остави.
– Ставив се во тој финиш. Сакавме да победиме, а можевме да го постигнеме и вториот гол. Сепак, најважно е победата да биде обезбедена – рече Лукаку .
На прашањето колку му значи гол, тој истакна дека победата на тимот му е најважна.
– Важно е што победивме, не ми е толку важен индивидуалниот настап. Фокусот е да дадам се од себе за Интер. Среќен сум за победата.
Дека го направил тоа покажа и пофални зборови за помошникот Никола Берела.
– Среќен сум што Барела ми асистираше. Затоа што тој е првиот човек што би го поканил да војува со него.
